Во пресрет на јубилејното 60-то издание на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“, „Клуб Деница“ ја започнува видео серијата посветена на фестивалот со приказна за неговиот дом – Прилеп. Почнуваме со објавување на специјален видео серијал кој го има подготвено фестивалот.
Првото видео ја открива длабоката поврзаност меѓу фестивалот и градот, кој со децении е негов верен домаќин и сведок на најзначајните театарски случувања во земјава.
Ова видео нè потсетува зошто Прилеп не е само локација, туку суштински дел од приказната на „Чернодрински“.
Ова е авторскиот тим кој го создаде ова видео:
Автор на текст:
Христина Цветановска Станкоска
Уредник:
Петар Антлевски
Чита:
Ангела Стојановска
Графиски дизајн:
Ема Велковска
Директор на фотографија:
Диммитар Атанасоски
Монтажа:
Тина Величковиќ
Благодарност до Факултетот за драмски уметности – Скопје
Христијан Ристески
Линк до видео:














