Во организација на ДНУ Прилеп, а во соработка со ЈОУ Градска библиотека „Борка Талески“ – Прилеп, на 22 април (среда) 2026 година, со почеток во 17:00 часот, во просториите на Градската библиотека ќе се одржи предавање кое отвора значајни прашања за современото живеење и вредносните системи.
Пред прилепската публика ќе говори Неговото високо преосвештенство, владиката Кумановско–Осоговски Григориј, кој ќе се осврне на темата за внатрешната борба меѓу максимизирањето на задоволството и минимизирањето на болката – дилема што сè повеќе го обликува однесувањето на поединецот и општеството.
Предавањето ќе ја отвори и дискусијата за деституцијата на ентитетот во корист на личните придобивки, како и за системот кој сè почесто функционира без тенденција кон рамнотежа. Преку духовен и филозофски пристап, ќе се постават прашања за границите на личната слобода, моралот и колективната одговорност.
Настанот е отворен за јавноста и претставува можност за размислување, дијалог и подлабоко разбирање на предизвиците со кои се соочува современиот човек.














