ТРЕТ ФЕСТИВАЛСКИ ДЕН: ИЗЛОЖБА И ПРОМОЦИЈА НА КНИГИТЕ НА ДЕЈАН ДУКОВСКИ, ДВЕ ПРЕТСТАВИ НА ВЕЧЕРНАТА ПРОГРАМА

Сподели на социјалните мрежи

Јубилејното 60. издание на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ продолжува денес, 7 јуни (недела), со богата програма што вклучува содржини за најмладите, разговори за претставите, изложба и книжевна промоција посветени на авторот во фокус Дејан Дуковски, како и две претстави во официјалната фестивалска програма.


Програма за 7 јуни (недела):
10:00 – Саат-кулата
Детска зона
(поддржана од „Чекор по чекор“ и „Јавен простор“ – Прилеп)
11:00 – Кино „Мис Стон“
Драмолетање
12:00 – НУЦК „Марко Цепенков“ (фоаје)
Разговори на тркалезна маса
18:00 – Центар за култура „Марко Цепенков“ (фоаје)
Изложба „Автор во фокус – Дејан Дуковски“
(постери од претстави)

Промоција на книгите „Драми“ 1 и 2 од Дејан Дуковски,
издание на „Арс Ламина“

19:00 – Центар за култура „Марко Цепенков“ (Сцена 105)
„ЧЕЛИНЏ“

НУ Театар за деца и младинци – Скопје
Времетраење: 78 минути

21:00 – Центар за култура „Марко Цепенков“
„СЛУЧАЈНАТА СМРТ НА ЕДЕН АНАРХИСТ“

НУЦК „Ацо Шопов“ – Штип
Времетраење: 110 минути

Фестивалот продолжува да носи разновидна програма и средби меѓу театарските уметници и публиката, во рамките на јубилејното 60. издание на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“.


Сподели на социјалните мрежи