Членовите на Клубот на литературни творци – Прилеп постигнаа значаен успех на меѓународната литературна манифестација „Дванаесет тивки ѕвезди 1943“, која се одржа на 13 јуни во Домот на културата „Иван Мазов – Климе“ во Кавадарци, во организација на Здружението на поети и писатели „Тиквешки цветови“ од Кавадарци.
Како што информира претседателката на Клубот, Весна Шереметкоска, творечкиот израз, инспирацијата и посветеноста кон пишаниот збор на прилепските автори биле препознаени и високо вреднувани во конкуренција од 120 автори – учесници на манифестацијата.
Награди и признанија освоија членовите на Клубот на литературни творци – Прилеп: Дана Тембелеска, Божана Тренческа и Виолета Ристеска.
Од Клубот посочуваат дека овој успех претставува потврда за квалитетот на нивното творештво, но и значајна афирмација на Клубот и на македонската литература надвор од границите на државата.
По повод успехот, претседателката Весна Шереметкоска упати искрени честитки до наградените авторки, со желба и понатаму да творат и достојно да го претставуваат Клубот на литературни творци – Прилеп.
















