„МЕДЕЈА МК“ – СОВРЕМЕНА СЦЕНСКА ПРИКАЗНА ШТО ГО ОЖИВУВА МИТОТ ЗА МЕДЕЈА НА БИТОЛСКАТА СЦЕНА

Сподели на социјалните мрежи

Митот за Медеја оживува во едно современо и моќно сценско дело, кое премиерно ќе биде изведено во НУ Центар за култура – Битола на 21 јуни 2026 година во 20:00 часот на Големата сцена.
НУ Центар за култура – Битола и Здружението за култура и уметност Движечки Музички Театар – Битола ја најавуваат премиерата на претставата „МЕДЕЈА МК“, авторски проект инспириран од делото „Medeamaterial“ на Хајнер Милер, поезијата на Ана Бунтевска и музичките композиции на Марјан Нечак.
„МЕДЕЈА МК“ претставува мултимедијален и авторски сценски проект што преку спој на театар, музика, поезија и аудиовизуелни елементи отвора ново толкување на една од најмоќните женски фигури во светската митологија. Претставата го истражува просторот меѓу љубовта, предавството, болката и отпорот, поставувајќи универзални прашања во современ контекст.
Во претставата игра Валентина Грамосли.
Адаптацијата, режијата, аудио-инсталацијата и музиката се дело на Марјан Нечак.
Авторски тим:
Според „Медеаматериал“ на Хајнер Милер, поезија на Ана Бунтевска и песни на Марјан Нечак
Превод: Наташа Аврамовска и Елена Китановска – Ристовска
Сценографија: Марјан Нечак и Сергеј Светозарев
Видеопроекции: Сергеј Светозарев
Инспициент: Александар Црвенко
Тон-мајстор: Тони Тошевски
Видеооператор: Владимир Пераловски
Дизајн на светло: Никола Ѓеорѓиевски
Дизајн на плакат: Сашо Илковски


Сподели на социјалните мрежи