ОСТАТОК, Менче Кадинец

Сподели на социјалните мрежи

ОСТАТОК

Јас сум крива.
Јас сум ништо.
Јас сум остаток
на остатокот….
Јас сум посеана нива
со тешки чувства.
Јас сум крива за се…
Јас сум празна инспирација
на глупави мисли.
Јас сум мачителна душа,
загноена,
валкана,
глупава.
Со повеќе делови од потребните
како срцето,
како душата
како љубовта.
Јас сум мирисот на искреноста
покосена од сопствената глупост,
завиткана како последен остаток
на солзата,
ставена на твојата дланка
и фрлена онаму
каде ми е местото.
Во заборавот.

@Менче Кадинец


Сподели на социјалните мрежи