ПРИЛЕПСКИОТ МУЗЕЈ СО ИЗЛОЖБАТА „ГРАФИЧКИ ИКОНИ XVIII–XIX ВЕК“ ГО ПРЕТСТАВИ КУЛТУРНОТО НАСЛЕДСТВО НА „ШТИПСКО КУЛТУРНО ЛЕТО 2026“

Сподели на социјалните мрежи

НУ Завод и Музеј – Прилеп беше дел од годинашното 41. издание на манифестацијата „Штипско културно лето 2026“, претставувајќи се пред штипската публика со изложбата „Графички икони XVIII–XIX век“ од својата музејска збирка.
Изложбата беше отворена на 23 јуни во Безистенот во Штип, во присуство на бројни љубители на културното наследство, претставници на културни институции и посетители. На отворањето свое обраќање имаше директорката на НУ Завод и Музеј – Прилеп, Мимоза Христоска, историчар на уметност и археолог, која активно учествувала во подготовката и концепирањето на оваа поставка.
Пред посетителите беа претставени вредни графички икони од XВИИИ и XИX век, кои сведочат за богатата духовна и уметничка традиција на овие простори. Поставката нуди редок увид во еден специфичен сегмент од православното културно наследство, зачуван во фондовите на прилепскиот музеј.
Од НУ Завод и Музеј – Прилеп изразија благодарност до организаторите на „Штипско културно лето 2026“, до домаќинот НУ Завод и Музеј – Штип, како и до посетителите кои покажаа интерес за изложбата.
„Ни беше чест да бидеме дел од оваа значајна културна манифестација“, порачаа од прилепскиот музеј.
Изложбата „Графички икони XVIII–XIX век“ ќе остане отворена за посетителите во Безистенот во Штип до 1 јули, овозможувајќи им на сите заинтересирани да се запознаат со овој вреден дел од македонското културно и духовно наследство.


Сподели на социјалните мрежи