ОТВОРЕН ПОВИК ЗА ПРЕДЛОЗИ ЗА НАГРАДИТЕ „3-ТИ НОЕМВРИ“ И НАГРАДАТА ЗА ЖИВОТНО ДЕЛО

Сподели на социјалните мрежи

Општина Прилеп започна со прибирање предлози за доделување на општинските награди и признанија „3-ти Ноември“, како и за наградата за животно дело, по повод одбележувањето на празникот на Општина Прилеп – 3 Ноември.
Наградите и признанијата се доделуваат на физички и правни лица за особени достигнувања и остварувања од значење за општествениот, стопанскиот, културно-уметничкиот и политичкиот живот, како и за придонес во развојот и афирмацијата на Општина Прилеп.
Предлози можат да поднесат претпријатија, здруженија, граѓани и други заинтересирани субјекти.
Предлогот треба да биде образложен и аргументиран, со наведување на достигнувањата и придонесот на кандидатот во соодветната област. За наградите „3-ти Ноември“ се земаат предвид остварувањата во периодот од 3 Ноември 2025 година до денот на поднесување на предлогот.
За наградата за животно дело можат да бидат предложени кандидати кои подолг период се истакнувале со значајни остварувања и со посебен придонес во својата област.
Предлозите се доставуваат до Комисијата за одбележување значајни настани, личности и празници при Советот на Општина Прилеп, преку приемното одделение во Општина Прилеп или на адреса: ул. „Прилепски бранители“ бр. 1, Прилеп.
Краен рок за доставување на предлозите е 9 октомври 2026 година.
Од Општина Прилеп ги повикуваат граѓаните, организациите и институциите да предложат личности и субјекти кои со својата работа и достигнувања оставиле значаен белег и придонеле за развојот и афирмацијата на Прилеп.


Сподели на социјалните мрежи