„КАМЕНА СЦЕНА – ПОЕТСКА ДУША“ ЌЕ ГИ СОБЕРЕ ЉУБИТЕЛИТЕ НА ПОЕЗИЈАТА ВО ПРИЛЕП

Сподели на социјалните мрежи

Камената сцена во Прилеп на 19 септември ќе стане место на средба на поезијата, авторите и љубителите на пишаниот збор. Клубот на литературни творци – Прилеп ја организира поетската вечер „Камена сцена – поетска душа“, на која со свои авторски творби ќе настапат членови на Клубот.
Вечерта, сепак, нема да биде наменета само за членовите. Можност да го споделат своето творештво со публиката ќе имаат и оние кои не се дел од Клубот, а сакаат да прочитаат своја песна или друга авторска творба. За учество ќе можат да се пријават на самиот настан.
Со оваа поетска средба, Камената сцена уште еднаш ќе добие поинаква улога – како простор во кој стихот ќе ги поврзе авторите и публиката и ќе создаде вечер посветена на творештвото и љубовта кон литературата.
„Камена сцена – поетска душа“ ќе се одржи во сабота, 19 септември, од 17:30 до 19:30 часот, на Камената сцена во Прилеп.
Настанот се реализира со поддршка на Општина Прилеп.


Сподели на социјалните мрежи