ОГНИШТЕ
Се тресе катот, печал татко што го стори
со пот и црно под нокти,
со чест и слава ,
со слога и исправена глава!
Се тресе катот, натежнала трпеза
и уште се полни
со вкусните мајкини чуда,
гоштевка катадневна за милите чеда.
Се тресе катот, подот до таван скока,
оживува светната штица,
под ножиња боси, боднати в игра-
коњчиња в галоп сред ливада цветна.
Се тресе катот, ѕидовите горат
пламен се шири од ѕвонлива смеа
потпал, пак, е дедовата волшебна скаска
и бабината засукана дреа.
И…нит катот се руши, нит голем дете да скара,
а огништето татково
спомени за детство
исцртува, шара.
Вера Искова

















