MARTENITSA – МУЗИКА ШТО ГИ ПОВРЗУВА БАЛКАНОТ И ОРИЕНТОТ

Сподели на социјалните мрежи

Групата Martenitsa од Турција ќе настапи во Битола во рамките на 18. издание на Фестивалот на музика од светот, со музика во која се преплетуваат традиционалните балкански звуци, ориенталните макам мотиви и современите музички интерпретации.
Препознатливиот звук на групата го создаваат вокалот, хармониката, виолината и перкусиите. Нивната музика се движи од длабоки, емотивни мелодии до ритми исполнети со енергија, создавајќи спој на различни музички традиции и влијанија.
Фестивалот на музика од светот, во организација на НУ Центар за култура – Битола, ја збогатува културната програма на градот со музички содржини што доаѓаат од различни културни средини. Преку настапите на домашни и странски музичари, фестивалот отвора простор за запознавање со различни музички изрази и нивните современи интерпретации.

Концертот на Martenitsa ќе се одржи во Центарот за култура – Битола, на 28.11.2026 со почеток во 20 часот.


Сподели на социјалните мрежи