НЕ ПЛАШИ СЕ
Не плаши се низ устата да го тркалаш
јазикот македонски
на кој глаголеле коските на твоите
предци.
Оти тие не се плашеле за него,
го сочувале, за да не се откажат твоите
поколенија од тебе и твоите корени.
Не сокривај го во мракот и
во темнината на заборавот
лицето на твојата мајка црница,
глиница, каменица македонска ,
за да не го запретуваат твоето име
во пепелта на заборавот,
твоите корени и поколенија.
Не плаши се, не сокривај се,
изгргори го, изглаголи го јазикот македонски,
кој го сочувале коските, камењата и
гробовите на твоите корени ,
за да го сочуваат и да не се срамат
твоите поколенија од тебе
и од твоите корени.
Снежана Паноска

















