Фотографии од творечкиот процес на 18. Ликовна колонија „Марко Цепенков – Дрен 2026“ ќе бидат изложени на 3 ноември во Ликовната галерија на НУЦК „Марко Цепенков“ – Прилеп.
Годинашното издание на колонијата беше посветено на монументалната скулптура. Во текот на деветдневната работа, седуммина скулптори создадоа седум нови дела од метал и мермер, кои се предвидени да бидат поставени на јавни простори низ Прилеп.
Преку фотографиите, посетителите ќе имаат можност да се запознаат со процесот на создавање на скулптурите и работата на уметниците во текот на колонијата.
Изложбата ќе биде отворена во 18 часот. Таа е поддржана од Министерството за култура и туризам и е дел од програмата за визуелни уметности на НУЦК „Марко Цепенков“ за 2026 година.

















