ПРОМОЦИЈА НА СТИХОЗБИРКИТЕ „КРИЦИ ОД ДАМАРИТЕ“ И „ЉУБОВНИ ПЛЕТЕНКИ“ ОД БЛАЖО СТОЈАНОСКИ

Сподели на социјалните мрежи

Во Градската библиотека „Борка Талески“ во Прилеп, на 28 октомври 2026 година, со почеток во 17:30 часот, ќе се одржи промоција на стихозбирките „Крици од дамарите“ и „Љубовни плетенки“ од поетот Блажо Стојаноски, член на Литературниот клуб „Прилеп“.
Стојаноски е роден во 1950 година во селото Г.Радобил, а живее во Прилеп. Со пишување поезија и проза се занимава во пензионерските денови, а досега има објавено пет стихозбирки и една збирка кратки раскази. Неговата творечка библиографија ја сочинуваат стихозбирките „Зборот на разбојот“, „Душевно везило“, „Непребол“, „Вино и солзи“, „Крици од дамарите“ и „Љубовни плетенки“, како и збирката кратки раскази „Безодникот и…“.
Авторот учествувал на бројни манифестации, каде што добил награди, благодарници и пофалници, а негови творби се застапени и во повеќе меѓународни антологии.
На промоцијата ќе бидат претставени стихозбирките „Крици од дамарите“ и „Љубовни плетенки“, преку кои прилепската публика ќе има можност поблиску да се запознае со творештвото на Блажо Стојаноски.
Модератор на промоцијата ќе биде Игор Трпчески, промоторка е проф. Цеца Видова Трајческа, а стиховите ќе ги интерпретира Игор Трпчески.
Промоцијата е можност читателите да се запознаат со поетското творештво на Блажо Стојаноски и со стиховите во кои се преплетуваат личните чувства, животните искуства и љубовта како трајна творечка инспирација.


Сподели на социјалните мрежи