БЕСПЛАТЕН ОНЛАЈН ЧАС ПО БИОГРАДИНАРСТВО НА 5 НОЕМВРИ

Сподели на социјалните мрежи

Здружението за образование, култура и уметност ЗОКУМ – Прилеп организира бесплатен онлајн час по биоградинарство на 5 ноември, четврток, со почеток во 19 часот. Предавањето е наменето за сите што сакаат да се запознаат со еколошкото производство на храна и со начините за одгледување зеленчук без употреба на хемиски средства и вештачки ѓубрива.
На часот ќе се зборува за производството на биозеленчук, подготовката на природни средства за заштита и прихрана на растенијата, како и за агротехничките методи што се применуваат во биоградинарството.
Предавач ќе биде Филип Димкоски, дипломиран земјоделски инженер од областа на градинарството и цвеќарството.
Часот е наменет пред сè за оние што сакаат да започнат со одгледување зеленчук за сопствени потреби, но немаат доволно знаење и искуство. На предавањето можат да се приклучат и земјоделски производители кои сакаат да се запознаат со можностите за премин од конвенционално кон еколошко производство.
Во рамките на средбата ќе бидат претставени и можностите за следење онлајн-курс по биоградинарство.
Предавањето ќе се одржи преку платформата Зоом, па заинтересираните ќе можат да учествуваат независно од местото на живеење.
Линк за приклучување:
https://us04web.zoom.us/j/73327133557…


Сподели на социјалните мрежи