Kнижевното творештво на Божана Тренческа ќе биде претставено на средба со читателите во рамките на настанот „Поетски портрет“, што го организира Клубот на литературни творци – Прилеп. Средбата ќе се одржи на 4 ноември 2026 година, со почеток во 17:30 часот, во Градската библиотека „Борка Талески“ во Прилеп.
На настанот ќе бидат претставени романите, стихозбирките и збирките раскази на авторката, чие творештво опфаќа повеќе книжевни жанрови.
Нејзиниот романсиерски опус го сочинуваат делата „Бојана на Тодор“ (2018), „Наум и синовите“ (2020), „Албумот со спомени“ (2021), „Старата“ (2022), „Судбина“ (2024) и „Семејство“ (2026).
Во прозното творештво на Тренческа се и збирките раскази „Раскази за сечија душа“ (2021) и „Грст раскази“ (2022). Поетското творештво го претставуваат стихозбирките „Поетот и зборовите“ (2018), „Сончевина за тебе“ (2020), „Трага“ (2023) и „Песните ќе ви кажат сè“ (2025).
За придонесот во литературата, Божана Тренческа во 2021 година ја добила наградата „3 Ноември“ за особен придонес во литературното творештво.
Модераторка на средбата ќе биде Весна Шереметкоска, а промотори на нејзините дела ќе бидат Тони Павлески и Снежана Паноска. Избрани текстови ќе читаат Димитар Ѓоргиевски и Марија Мантова.
„Поетски портрет“ е можност читателите да се запознаат со книжевниот опус на авторката, нејзините романи, раскази и поезија, како и со различните форми преку кои го изразува својот творечки интерес.

















