ПРОМОЦИЈА НА КНИГАТА „АРХЕОЛОШКИ КОМПЛЕКС СТАРО БОНЧЕ“

Сподели на социјалните мрежи

Во недела, 1 ноември, во просториите на НУ Завод и музеј – Прилеп ќе се одржи промоција на книгата „Археолошки комплекс Старо Бонче“, посветена на едно од значајните археолошки локалитети во прилепскиот регион.
Автори на книгата се Антонио Јакимовски, Виктор Лилчиќ Адамс и Душко Темелкоски, а промотори ќе бидат Марјан Јованов и Бошко Ангелоски.
Промоцијата ќе започне во 18:30 часот, по што е предвидена и дискусија.
„Старо Бонче“ е локалитет од археолошко, историско и културно значење. Во неговиот комплекс посебно место има Кралската гробница, која со своите импозантни димензии, архитектонски елементи и положба на падините на Селечка Планина сведочи за значењето што овој простор го имал во античкиот период.


Сподели на социјалните мрежи