Ако немаш самоконтрола,
ако немаш памет,
ако немаш љубов,
ако немаш нежност,
ако не знаеш за трпение,
ако вистинско разбирање немаш,
ако рацете и нозете
ти се побрзи од душата и срцето,
тогаш…
Немој!
Немој!
Не посегнувај по нешто што не е твое
и не прави дел од себе,
не прави нова душа за да имаш свое.
Немој,
не ги земај,
не ги ништи,
не ги гори,
најубавите чувства за
љубов, радост и среќа.
Љуби и сакај
како што тебе ти дале,
подариле искрено, нежно, милно,
ако за љубов и разбирање не си
тогаш остави или научи.
Научи да слушаш со душа и срце,
научи да ја чувствуваш
душата и срцето на оној кој ти дарил се,
ти се дал самиот,
ти дарил најубав плод,
што цена нема,
а ти ги уништуваш на најсуров начин.
Ако не знаеш
искрена љубов и разбирање да дадеш
може да си сакан, најсакан
може да си почитуван, најпочитуван
може најголемата љубов да ја имаш,
ама рамнодушност ќе се роди
повеќе нема да боли.
Тогаш губиш и
каење да имаш
веќе немаш што да земаш,
оти доцна е,
ти си зел и распарчал сè.
Затоа дари љубов,
дари искреност и милост,
на оној кој му земаш сè и
на плодот кој се раѓа од тебе,
ако немаш и не знаеш како,
тогаш…
Немој!
Не земај нешто што не е твое
и не прави ништо свое.
Немој!!!
17.11.2020
Марија Симоноска















