Популарната пејачка и актерка Тијана Дапчевиќ со својот стендап настап „Менопауза“ пристигнува во Битола. Настанот ќе се одржи на 23 април со почеток во 20 часот во Големата сала на Центар за култура Битола. Автор на текстот е Данило Вукотиќ, додека режијата ја потпишува Раде Вукотиќ.
Со овој стендап настап ќе биде отворено новото издание на Фестивал на монодрама 2026.
Публиката ќе има можност да ужива во гласна, духовита и директна исповед за теми за кои жените често шепотат, а ретко се зборува јавно. Во препознатлив стил, Тијана со многу хумор и без задршка зборува за секојдневните ситуации поврзани со хормоните, љубовните односи, кризата на средни години и животните предизвици кои носат и многу смеа.
Со хумор кој е искрен, директен и до солзи смешен, Тијана Дапчевиќ уште од првата минута успева да ја освои публиката и да ја вовлече во една искрена и комична приказна за животот и женските теми.
Билетите се веќе пуштени во продажба.















