ПРОМОЦИЈА НА НАЈНОВИОТ РОМАН НА ВЕНКО АНДОНОВСКИ, „АЛЕКСАНДАР ЈАВА НА ЗАПАД“

Сподели на социјалните мрежи

На 3 април (петок), во 18 часот, во Градската библиотеката „Борка Талески“ во Прилеп, ќе се одржи промоција на најновиот роман на Венко Андоновски, „Александар јава на запад“.
Ова дело на Андоновски влезе во најтесниот избор за наградата „Роман на годината“, а во меѓувреме доживеа и второ издание.
Промоторка на настанот ќе биде Габриела Стојаноска-Станоеска, позната поетеса, раскажувачка и критичарка од Прилеп, добитничка на наградата „Македонска книжевна авангарда“ и на повеќе награди за краток расказ, меѓу кои и на конкурсот на „Нова Македонија“. Како книжевен рецензент, уредник и промотор, но и како страстен читател, таа ќе ни го доближи „Александар јава на запад“ обелоденувајќи ги сите симболи и значења што се кријат зад хуморот.
Најавувајќи го својот роман, Венко Андоновски рече: „Ќе се смеете до солзи, ама нема секогаш да знаете и дали додека ви течат солзи од смеа, сепак плачете над бедата на историјата, над денес понижените херои и над паднатиот човек.“


Сподели на социјалните мрежи