ФОТО ИЗЛОЖБА ВО ПРИЛЕП: 50 ГОДИНИ ПРВА МАКЕДОНСКА ТРАНСВЕРЗАЛА „ЉУБОТЕН – ОХРИД“

Сподели на социјалните мрежи

На 22 април (среда) 2026 година, со почеток во 19:00 часот, во фоајето на НУЦК „Марко Цепенков“ во Прилеп ќе биде отворена фото изложбата „50 години Прва македонска трансверзала Љуботен – Охрид (1975–2025)“ на авторот Бобан Китановски.
Изложбата претставува визуелно патување низ една од најзначајните и најпредизвикувачки планинарски авантури во Македонија – Првата македонска трансверзала „Љуботен – Охрид“. Преку 32 фотографии, направени за време на последната трансверзала реализирана од 13 до 19 јули 2025 година, публиката ќе има можност да ја доживее силата на природата, планинарскиот дух и континуитетот на една половина вековна традиција.
Организатор на јубилејната трансверзала во 2025 година, како и на сите придружни изложби по повод 50-годишнината, е ДПС Трансферзалец – Скопје, кои со овој проект ја одбележуваат историјата и значењето на една од најдолгите планинарски рути во земјата.
Изложбата е значаен културно-документарен настан кој ја поврзува планинарската традиција со уметничката фотографија, предизвици и љубов кон планината.


Сподели на социјалните мрежи