Претседателот на Факултетското студентско собрание при Факултетот за информатички и комуникациски технологии – Битола, Валентин Стојановски, заедно со своите колеги и тим од вредни, посветени и амбициозни студенти: Ангела Тахулоска, Сара Чагоровска, Евгенија Талевска, Елена Гичевска, Леонид Ризански, Лука Ризански, Стефан Граматковски, Елена Силјановска, Мартина Силјановска, Марија Сервини, Огнен Николовски, Христина Павлеска, Анѓела Гроздановска, Дамјан Мурѓески и Ирина Јованоска успешно реализираа значајна студентска иницијатива – специјално дизајнирана недела за поддршка и развој на стартапи и мали и средни претпријатија – Таилоред Боостер Wеек што се одржана УКЛО, во Битола, од 4 до 9 мај 2026 година.
Низ заедничка работа, посветеност и континуирана комуникација со колеги од Швајцарија, студентите стекнаа драгоцено искуство, создадоа нови пријателства и професионални контакти кои претставуваат дополнителна вредност на целиот процес.
Во време кога многумина размислуваат само за заминување и брзо завршување на обврските, овие млади луѓе остануваат тука – на ФИКТ, на УКЛО, во својот град и во Македонија – и создаваат нови можности, идеи и активности кои оставаат трага. Со многу труд, ентузијазам и тимска работа покажаа дека студентската енергија може да биде двигател на позитивни промени и квалитетни иницијативи. За вложениот труд, одговорност и професионален пристап, студентите добиваат бројни честитки и пофалби од академската и пошироката заедница.
Од ФСС ФИКТ посочуваат дека ова е само почеток и дека следуваат уште многу активности, проекти и содржини кои во наредниот период ќе бидат споделени со јавноста. Упатуваме искрени честитки до сите студенти и до ФСС при ФИКТ за посветеноста, енергијата и примерот што го даваат за современо, активно и мотивирано студентско делување.
Линк до видео:

















