ЧЕТВРТИ ФЕСТИВАЛСКИ ДЕН: НАУЧНА ТРИБИНА И ДВЕ ПРЕТСТАВИ НА ПРОГРАМАТА НА МТФ „ВОЈДАН ЧЕРНОДРИНСКИ“

Сподели на социјалните мрежи

Јубилејното 60. издание на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ продолжува и на 8 јуни (понеделник) со богата фестивалска програма што вклучува содржини за најмладите, промоција на театарска и театролошка литература, научна трибина посветена на односот меѓу театарот и општеството, како и две театарски претстави.
Програма за 8 јуни (понеделник):
10:00 – Саат-кулата
Детска зона
(поддржана од „Чекор по чекор“ и „Јавен простор“ – Прилеп)

11:00 – НУЦК „Марко Цепенков“ (фоаје)
Промоција на театарска и театролошка литература
12:00 – НУЦК „Марко Цепенков“ (фоаје)
Разговори на тркалезна маса
17:00 – Веган и вегетаријански ресторан/бар „Аура“
Научна трибина – „Помеѓу отворениот дијалог и удобниот молк: театарот и општеството“
19:00 – Центар за култура „Марко Цепенков“
„АМАДЕУС“
НУ Турски театар – Скопје
Времетраење: 120 минути
По завршувањето на претставата ќе се одржат разговори на тркалезна маса за претставата „Амадеус“.
21:00 – Центар за култура „Марко Цепенков“ (Сцена 105)
„ВИЛИЦАТА НА ИБЕН БАЈЕРС“
Продукција „Штрих“ – Скопје
Времетраење: 95 минути
Фестивалската програма и во четвртиот ден нуди простор за театарски дијалог, размена на идеи и средби меѓу уметниците, теоретичарите и публиката, потврдувајќи ја важноста на театарот како место за отворање на значајни општествени прашања.


Сподели на социјалните мрежи