КОНЦЕРТ НА ПИЈАНО: ТЕОНА ВАНЕСКА – ВЕЧЕР НА МЛАДА МУЗИЧКА ЕНЕРГИЈА И КЛАСИЧНА УБАВИНА

Сподели на социјалните мрежи

Државното музичко училиште – Битола и НУЦК „Марко Цепенков“ – Прилеп организираат свечен соло-пијано концерт на младата пијанистка Теона Ванеска, под менторство на проф. д-р Јана Четелева Бељевска.
Настанот ќе се одржи на 16 јуни 2026 година (20:00 часот), во Фоајето на НУЦК „Марко Цепенков“ – Прилеп, и претставува уште една значајна вечер во која младите уметници го претставуваат својот уметнички развој и музичка зрелост пред публиката.
Публиката ќе има можност да ужива во внимателно одбран и стилски разновиден програм кој опфаќа врвни дела од барокот, класицизмот, романтизмот и современата музичка литература:


Програма:

  1. Ј. С. Бах – Прелудиум и Фуга во f-moll, ДТК 2
  2. Л. В. Бетовен – Соната во Es-Dur, Оп. 7 бр. 4
  3. Ф. Шопен – Ноктурно во cis-moll, Оп. 27 бр. 1
  4. А. Пушкин – „Мороз и солнце“
  5. Т. Прокопиев – „Вардаре“ (Јан Нечак, Теона Ванеска)
  6. Ф. Лист – Концертна етида „Gnomenreigen“
  7. П. И. Чајковски – „Приспивна во бура“
  8. А. Хачатурјан – Токата во es-moll


Како специјален гостин ќе настапи Јан Нечак – соло пеење, кој ќе внесе дополнителна уметничка димензија во вечерта.
Концертот претставува спој на млад талент, педагошка посветеност и богат класичен репертоар, кој ветува вечер исполнета со силни музички емоции и вистинско уметничко доживување.


    Сподели на социјалните мрежи