ВЕЧЕН СИМБОЛ
Лесно е да чекориш
таму каде се раѓа љубовта,
од многу поминати патишта
ќе заглавиш негде
близу тешка рана,
кај неа ќе останеш
подолго време,
можеби ако со себе
носиш чувства од животот
ќе можеш и да преживееш.
Ќе дојдат бродови
што ќе донесат расположение,
бранови ќе раскажат
за патувањето,
кое многумина патници
добро го знаат,
на брегот каде има тајна
некогаш ќе се открие,
тогаш кога љубовта
веќе ќе биде преселена
во ормарот на душата.
И се така
лесно ќе планираш патувања,
ќе сакаш бериќет
кога ќе си во непознато место,
за да се снајдеш,
да останеш жив
покрај сите убавини
што ги пружи животот,
само со мисла што не запира
ќе прелеташ највисоко
и таму ќе останеш засекогаш.
Времето моли за среќа,
едноставно останува
да носиш спомени со себе
за да солзите настапат,
некогаш да заплачеш
за се што било,
а некогаш да ја здогледаш
новата среќа,
која ќе биде твојот вечен симбол
од кој нема да побегнеш.
Автор:Оливер Глигоров
11.06.2026
















