ПЕДАЛИ И ПРИКАЗНИ

Сподели на социјалните мрежи

Форум за Авангардна Креативност – Прилеп (ФАК) и NGO Go Green работат на реализирање на проектот „Педали и приказни“ помогнати од фондацијата HEARTEFACT, во соработка со Општина Прилеп, НУЦК „Марко Цепенков“, СОУ „Ристе Ристески -Ричко“, СОУ „Ѓорче Петров“ и CLS Equipment.

Третата епизода од проектот ќе се одржи денес (16 април) со почеток во 18:00 часот на Камената бина во Прилеп.
Во Прилеп – како и во многу други помали градови во Македонија – јавниот простор останува недоволно искористен како место за култура, слободен израз и граѓанска поврзаност. Културните настани главно се одвиваат во затворени, институционализирани формати, што исклучува многу граѓани, особено млади луѓе, надвор од системот и ги прави маргинализирани групи.Во тој контекст проектот вклучува културни работници и уметници и ги реализира следниве активности : проекција на филмови на јавен простор и изработка на мурал.
Воедно, вело-културата е недоволно развиена и сè уште не е препознаена како дел од одржливиот урбан живот, иако има потенцијал да ги поврзе луѓето со градот, со природата и едни со други. Проектот „Педали и приказни“ одговара на овие предизвици со тоа што ја отвора културата кон улицата, создава простор за дијалог, уметност и активизам и ја приближува до заедницата преку пристапен, одржлив и ангажиран формат.
Во рамките на третата епизода, граѓаните на Прилеп ќе можат да бидат дел и да учествуваат во следните активности :
17.00 – 19.30 DJ
18.00 Критична маса (возење на велосипед низ прилепските улици)
19.30 Проекција на ЕКО филмови
„Р 3“ – 13 минути
„Home Sweet home“ – 14 минути
Паралелно со активностите кои се одвиваат на плоштадот во центарот на градот и низ прилепските улици, учениците и нивните ментори во СОУ „Ристе Ристески – Ричко“ изработуваат мурал кој ќе биде презентиран пред прилепската јавност во последната епизода од проектот.


Сподели на социјалните мрежи