„БУЧАВА ШТО СОЗДАВА ИДЕНТИТЕТ“ – ИЗЛОЖБА ПОСВЕТЕНА НА ШЕСТ ДЕЦЕНИИ МАКЕДОНСКА РОК-КУЛТУРА

Сподели на социјалните мрежи

Шест децении македонска рок-музика, поезија и културно наследство ќе бидат претставени преку изложбата „Бучава што создава идентитет“, која ќе биде отворена на 25 ноември во Центарот за култура Битола.
Изложбата се организира во рамките на 18. Фестивал на музика од светот и носи приказна за развојот на македонската рок-сцена и нејзиното влијание врз повеќе генерации.
Посетителите ќе имаат можност да проследат архивски фотографии, портрети на легендарни македонски музичари и оригинални ракописи на познати рок-песни. Преку нив, изложбата воспоставува дијалог меѓу сликата, звукот и зборот, потсетувајќи на музичкото творештво што со децении е дел од македонскиот културен идентитет.
Реализацијата е на НУ Центар за култура Битола, во соработка со НУ Центар за култура „Бели Мугри“ – Кочани.
Отворањето на изложбата е закажано за 25 ноември 2026 година, со почеток во 19:00 часот, во фоајето на Центарот за култура Битола.


Сподели на социјалните мрежи