НА 14 ГОДИНИ ГО НАПИША СВОЈОТ ПРВ РОМАН ОД 400 СТРАНИЦИ – ДИМИТАР СЕДЛОСКИ СО ПРОМОЦИЈА НА „ПАТУВАЊЕ БЕЗ МАПА“

Сподели на социјалните мрежи

На само 14 години, Димитар Седлоски, ученик во деветто одделение во ООУ „Блаже Конески“ – Прилеп, го заврши својот прв роман, насловен „Патување без мапа“, дело кое има 400 страници и на кое работел подолг временски период.
Книгата раскажува приказна за едно младо момче кое тргнува на патување низ светот заедно со својата наставничка по уметност, Елена. Низ ова патување се отвораат нови простори, средби и можности за запознавање и спасување на светот, а читателот го следи неговото патешествие.
„Патување без мапа“ е прво книжевно дело на младиот Димитар Седлоски, кој уште во училишните години се впуштил во создавање обемен роман. Неговото дело е резултат на подолг творечки процес и интерес за раскажување приказни преку пишаниот збор.
Промоцијата на романот ќе се одржи на 25 ноември 2026 година, со почеток во 19:30 часот, во фоајето на НУЦК „Марко Цепенков“ – Прилеп.
Книжевната средба ќе биде можност прилепската публика да се запознае со првото дело на еден млад автор и со неговиот почеток на книжевниот пат.


Сподели на социјалните мрежи