ПОТРАГА,Андриана Ристеска

Сподели на социјалните мрежи

ПОТРАГА

Би се нурнала
во твоите длабочини,
Езеро мое.

И таму ќе го побарам
она што го нема
и не можам да го најдам
на површината.

Најпрвин ќе ја побарам
во човекот човечноста,
па да и се израдувам,
зашто многу ми недостига.

Па ќе ја побарам
во луѓето љубовта,
онаа чиста, искрена,
по која катаден копнеам.

И благоста ќе ја побарам,
во човекот милоста,
зашто некаде се изгубила
и се поретко ја наоѓам.

Можеби во твојата темнина,
сончевината длабоко потонала
и ќе и помогнам, рака ќе и подадам
за повторно да блесне на површината.

Ако во тебе се сокрила,
Езеро мое,
те молам пушти ја,
врати ми ја!

Андриана Ристеска


Сподели на социјалните мрежи