ЕКОНОМСКИОТ ФАКУЛТЕТ – ПРИЛЕП НА ОДБЕЛЕЖУВАЊЕТО НА 90 ГОДИНИ ОД ОСНОВАЊЕТО НА СТОПАНСКАТА АКАДЕМИЈА ВО СВИШТОВ

Сподели на социјалните мрежи

Деканката на Економскиот факултет – Прилеп, проф. д-р Татјана Спасеска, и продеканката за меѓународна соработка, проф. д-р Емилија Ѓорѓиоска, присуствуваа на свеченото одбележување на 90 години од основањето на Стопанската академија „Димитар А. Ценов“ во Свиштов, Република Бугарија.

Јубилејот беше можност за одбележување на деветдецениската академска традиција и достигнувањата на оваа високообразовна институција, но и за потврдување на значењето на меѓууниверзитетската соработка, размената на научни и стручни искуства и развојот на заеднички академски иницијативи.

Во рамките на свеченоста, деканката Спасеска му врачи пригоден подарок на ректорот на Стопанската академија, проф. д-р Марин Маринов, по повод значајниот јубилеј. Како израз на благодарност за долгогодишната успешна соработка и партнерските односи меѓу двете институции, ректорот Маринов ѝ додели плакета за долгогодишна соработка на деканката на Економскиот факултет – Прилеп.

Од прилепскиот Економски факултет упатија честитки до домаќините по повод 90-годишниот јубилеј, со желби за продолжување на успешната академска традиција и натамошно продлабочување на меѓусебната соработка.


Сподели на социјалните мрежи