ПРИЛЕПСКАТА ПУБЛИКА ЌЕ ИМА МОЖНОСТ ДА ГО ГЛЕДА СРПСКИОТ ФИЛМ „ВРАЌАЊЕ НА ЖИКИНА ДИНАСТИЈА“

Сподели на социјалните мрежи

По повеќе од три децении од последното продолжение, култниот филмски серијал „Жикина династија“ повторно се враќа на големото платно, носејќи нова приказна исполнета со препознатливиот хумор.
Прилепската публика ќе има можност да го проследи „Враќање на Жикина династија“ во киното „Мис Стон“, при НУЦК „Марко Цепенков“ – Прилеп. Проекцијата ќе се одржи во среда, на 8 април 2026 година, со почеток во 19 часот.
Филмот е во режија на Милан Коњевиќ, по сценарио на Милена Марковиќ, и претставува современо продолжение на една од најгледаните хумористични саги на овие простори.
Во центарот на приказната повторно е ликот на Миша Павловиќ, кој го толкува Никола Којо. По долг временски период, Миша повторно се соочува со семејни предизвици кога неговите синови, кои со години живееле во Москва со нивната мајка Наташа, пристигнуваат во Србија. Нивното доаѓање отвора низа комични, но и емотивни ситуации, исполнети со недоразбирања, генерациски разлики и силни семејни врски.
„Враќање на Жикина династија“ претставува одлична можност за публиката да се потсети на старите, добро познати ликови, но и да ужива во новото поглавје кое успешно ја продолжува традицијата на еден од најсаканите филмски серијали на Балканот.


Сподели на социјалните мрежи