Љубителите на музичкиот театар ќе имаат можност да уживаат во вистинско бродвејско доживување во Битола. Во организација на Американските катчиња, на 5 јуни во Центарот за култура – Битола ќе биде изведен легендарниот мјузикл „The Music Man Jr.“ од Meredith Willson..
Настанот се организира по повод 250-годишнината од Соединетите Американски Држави, а публиката ќе може да проследи мјузикл кој е добитник на шест Tony награди и важи за едно од најпознатите дела на американскиот музички театар.
„The Music Man Jr.“ носи приказна исполнета со хумор, топлина, романса и незаборавни музички нумери кои со децении ја освојуваат публиката ширум светот.
Претставата ќе се одржи на 5 јуни 2026 година со почеток во 19 часот во Центарот за култура – Битола.
Влезот е бесплатен, а билетите можат да се подигнат на билетарницата во Центарот за култура – Битола.















