ПРЕД ОГЛЕДАЛОТО
Иташе накај дома,
небаре некој пред порта
те чека,
Таа на дланка роса ти подаваше
пред огледалото брчките
Ти и ги броеше…
Таа на дланка капка
љубов ти нудеше,
Пред огледалото
ти пегите и ги броеше..
Не чувствуваше,самотијата
во тебе царуваше.
Таа на дланка со дланка
се бореше,
ти нешто друго посакуваше.
Пред огледалото сјајот
од нејзините очи,
во тебе згаснуваше.
Автор Менче Кадинец

















