Активностите на карневалот „Прочка 2026“започнаа со отворање на изложба. Стотици маски/сурати изработени од ученици од основните и средните училишта во Прилеп и прилепско се изложени во фајето на Центарот за култура Марко Цепенков. Изложбата ќе биде поставена седум дена. На отворањето на изложбата присуствуваа ученици, наставници, родители и градоначалникот на Прилеп. Дејан Проданоски. Жири комисијата ги додели следните награди:
Гран при награда
Димитар Седлоски “ООУ Блаже Конески”- Прилеп
Награда за јуниор маска
Детски градинки Наша Иднина
РЕ-БОНЧЕЈЦА ЈУНИОР,Група Бубамари “Крал Рециклирко”
Награда за најдобра маска од 1-5 одделение
ООУ Добре Јованоски IV-2 одделение
Награда за најдобра маска од 6-9 одделение
I место – Ивана Проданоска “ООУ Кире Гаврилоски-Јане”-Прилеп
II место – Јован Дамјановски “ООУ Кочо Рацин “-Прилеп
III место- Алдин Хајровиќ “ООУ Пере Тошев” с.Десово
Награда за најдобри маски во средни училишта
I место- Сара Блажески II-8, СОУ “Гим. Мирче Ацев”Прилеп
II место – Стефани Димова, III-8 СОУ “Ѓорче Петров“Прилеп
III место- Марија Андоновска III-1, СОУ “Гим. Мирче Ацев”Прилеп
Награда за традиционална маска
Даниел Велкоски ВИИ одд. “ООУ Пере Тошев” с.Дупјачани
Награда за најиновативна маска
I место- Леонид Јанкос, “ООУ Блаже Конески” Прилеп
II место – Лина Антоска VII-2, “ООУ Кире Гаврилоски-Јане” Прилеп
III место- Валентин Костоски IX-г ООУ “Гоце Делчев” Прилеп
Градоначалникот Дејан Проданоски од изложбата упати покана до граѓаните да присуствуваат во сабота (21 февруари) на детскиот карневал, односно дефилето за учесници до 14 години кое ќе започне во 12:00 часот. Дефилето ќе почне од ОУ „Кочо Рацин“ до бината на плоштадот Методија Андонов Ченто, а во недела е централениот настан Меѓународниот карневал кој започнува во 13 часот. Дефилето започнува од пред Центарот за култура „Марко Цепенков“ по булеварот „Гоце Делчев“ до бината на плоштадот Методија Андонов Ченто.



















